Wednesday, June 12, 2013
Растојание
Држи ги нештата на соодветно растојание, само душата приближувај ја што е можно поблиску до Бога.
Ако истуриш вода врз огнот, нема да имаш ниту вода ниту оган.
Ако посакаш туѓо, ќе го замразиш своето, и двете ќе ги изгубиш.
Ако на слугинката и се приближиш како на жена си, нема да имаш ниту слугинка ниту жена.
Ако често пиеш во име на туѓото здравје, ќе го загубиш своето.
Ако непрестајно ги броиш туѓите пари, се помалку ќе имаш свои.
Ако постојано ги броиш туѓите гревови, ќе се намножат твоите гревови.