Две нешта најдобро опишуваат каков е некој човек :
1. Трпението кога нема ништо и
2.Однесувањето кога има се.
Friday, June 14, 2013
Wednesday, June 12, 2013
Растојание
Држи ги нештата на соодветно растојание, само душата приближувај ја што е можно поблиску до Бога.
Ако истуриш вода врз огнот, нема да имаш ниту вода ниту оган.
Ако посакаш туѓо, ќе го замразиш своето, и двете ќе ги изгубиш.
Ако на слугинката и се приближиш како на жена си, нема да имаш ниту слугинка ниту жена.
Ако често пиеш во име на туѓото здравје, ќе го загубиш своето.
Ако непрестајно ги броиш туѓите пари, се помалку ќе имаш свои.
Ако постојано ги броиш туѓите гревови, ќе се намножат твоите гревови.
Владеење со себе
Луѓето кои не можат да владеат со своето срце,
уште помалку можат да владеат со својот јазик.
Луѓето кои не можат да го постигнат мирот во своето срце, уште помалку можат да го воведат мирот во државата.
Луѓето кои не можат да го видат светот во себе, уште помалку можат да се видат себе во светот.
Луѓето кои не можат да учествуваат во туѓата болка, уште помалку можат да учествуваат во туѓата радост.
НЕ БРЗАЈ ДА ЗБОРУВАШ
За три работи не брзај да зборуваш:
За Бога – додека не ја утврдиш верата во Него,
За туѓиот грев – додека не се сетиш на својот, и
За утрешниот ден – додека не се раздени.
За туѓиот грев – додека не се сетиш на својот, и
За утрешниот ден – додека не се раздени.
Subscribe to:
Comments (Atom)